Научниците генетски го сменија имунолошкиот систем на тројца пациенти заболени од рак


– Американските научници првпат успеаја, без да предизвикаат нуспојава, генетски да го изменат имунолошкиот систем на тројца пациенти заболени од рак со помош ЦРИСПР, нова алатка што воведува револуција во биомедицински истражувања.

Резултатите од првата фаза на клиничкото истражување објавени се во списанието „Сајанс“ (Science). Тоа е нов чекор, што не докажува дека ЦРИСПР (низите ДНК) можат да се користат во борбата против ракот.

Во меѓувреме еден од пациентите почина, а кај двајца е влошена здравствената состојба, но истражувањето покажа дека техниката не е штетна.

Научниците од Универзитетот Пенсилванија ги издвоија Т-клетките од крвта на пациентите и со помош на ЦРИСПР го отстранија генот од клетките што би можел да му попречи на способноста на имунолошкиот систем кој се бори против ракот. Потоа со помош на вирус ги вооружија Т-клетките за напад на белковините вообичаени за клетките на ракот (познати како NY-ESO-1) и потоа клетките ги вратија во пациентот. Но, досега не постигнаа големи клинички резултати.

– Лекувањето со Т-клетките што ги користи имунолошкиот систем на пациентот за уништување на ракот претставува пресврт во последната деценија. Но, голем број пациенти не реагираат на таа технологија, изјави шефот на истражувачкиот тим Едвард Стадрмауер.

Тој додаде дека важноста на студијата е што успешно е спроведен многу комплицирана постапка.


Вести

Чулев ја потврди полициската акција во Крушопек

– Акцијата со претреси во Крушопек поради недозволема трговија со дрога ја потврди и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој на Фејсбук објави дека „Министерството за внатрешни работи во овој момент презема широк спектар […]

Вести

Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар, дополнително запишување во ИС на лица со 18 години

– Освен прекројувањето на шестата и петата изборна единица, измените на Изборниот законик предвидуваат и други новини кои треба да се применуваат на претстојните предвремени парламентарни избори на 12 април. -Некои од измените на Изборниот […]

Вести

Нема бонуси за членовите на ДИК за изборите, нема пари и за членовите на ОИК и ИО ако не одат на едукација

– Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повикаа околу 35.000 членови на изборните органи да присуствуваат на претстојната едукација за организирање и спроведување на предвремените парламентарни, која е задолжителна и ќе започне на […]