НАСА го одбира теренското возило за Месечината


– НАСА објави дека е во потрага по план, концепт и конструктор за теренско возило што ќе биде испратено на Месечината.

„Вселенската агенција е во потрага по концепт за роботски движечки систем преку кој може да се превезуваат инструменти на Месечината, во полза на научните истражувања на нејзината територија, вклучително и области надвор од пристапот на човекот, како што е Северниот Пол (на Месечината)“, се вели во објавата.

Рокот за пријава на конкурсот е 6 март, а неколку дена подоцна ќе биде објавено кој конструктор го има најповолниот предлог за автомобил.

– Бараме понуди од автомобилската индустрија, за теренски возила, за електромобили, но и вселенската индустрија не е исклучена. Бараме ровер за на Месечината, што ќе биде електричен, самоуправувачки и отпорен на екстремно опкружување, нагласи Маршал Смит, раководител на програмата за претстојната мисија на Месечината која ќе вклучува човечки екипаж.

Поусовршената подвижност на Месечината е дел од програмата Артемис, чие реализирање е предвидено за 2040-тите.


Бизнис

Македонското органско земјоделство далеку под просекот на ЕУ

– Последна во Европа е земјава според статистиките за органско земјоделство во 2018 година, покажува Евростат. Обработените податоци за 100-процентното органско земјиште, вклучувајќи пасишта и ливади, укажуваат дека македонското органско земјоделство со само 0,35 отсто […]

Вести

Собранието пред распуштање, треба да гласа за законите за ЈО, за Советот на јавни обвинители и за одбрана

– Собранието денеска напладне треба да ја одржи 137. седница на чиј дневен ред е Предлог-одлуката за негово распуштање во пресрет на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април. Предлог-одлуката е поднесена од претседателот на […]

Вести

Спасовски испратил барање до ВМРО-ДПМНЕ за нов канидат за министер за труд и социјална политика

Владата вечерва во 21 часот ја одржува деветата седница, но во владиното соопштение не се наведени повеќе детали. Премиерот Оливер Спасовски веќе испратил барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална […]