Најавен првиот кружен паметен телефон


– По околу пет години на развој, креаторите на првиот кружен паметен телефон, му го покажаа својот пронајдок на светот. Се работи за „Cyrcle Phone“ – веројатно еден од најнеочекуваните уреди претставени на Саемот за електроника 2020, во Лас Вегас.

Првичната идеја била создавање поудобен телефон од вообичаените, кој би се вклопил во секој џеб без проблеми. Сепак, ова сè уште е само прототип, а првиот вистински кружен телефон би требало да излезе во продажба нареднава година, доколку сè оди според очекувањата.

Не се очекуваат промени во дизајнот, но она што е речиси сигурно е дека уредот ќе има два 3,5-милиметарски приклучоци за слушалки, на спротивни страни од апаратот.

Следно што треба да се направи е прилагодување на Андроид оперативниот систем со вообичаените апликации со кружниот екран.


Вести

Премиерот на Русија, Медведев поднесе оставка (ДПЛ)

Дмитриј Медведев денеска поднесе оставка од функцијата премиер на Русија, јави руската државна агенција ТАСС.   Тој одлуката ја донел по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи нова функција во Советот за безбедност […]

Вести

Четириесет и пет пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Четириесет и пет лица досега се пријавени за учество во традиционалното спуштање на крстот во Вардар во центарот на Скопје на 19 јануари на Богојавление – Водици, информираа денеска за МИА од Скопската епархија.   […]

Бизнис

Народна банка: Камaтната стапка се намалува на 2 отсто

На 14 јануари 2020 година, Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка ги разгледа клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната […]