На Гренланд состојба што научници ја очекувале во 2070 година


Гренланд е познат по глечерите, но во изминатиот месец островот се топи со невидена брзина, а регистрирани се и пожари.

Научниците не очекуваа дека Гренланд ќе се топи со ова темпо уште 50 години, до последната недела од јули, топењето го достигна ниво предвидено од климатските модели за 2070 година и тоа по најпесимистичко сценарио, објави Сајенс алерт.

Ледената плоча на Гренланд изгуби 12,5 милијарди тони мраз на 1 август, најмногу за еден ден откако истражувачи започнаа со мерење на топењето на мразот во 1950 година, објави „Вашингтон пост“.

Драматичното топење сугерира дека ледениот покривач на Гренланд се приближува до пресврт што може неповратно да доведе до целосно исчезнување.

Ако се случи тоа, катастрофалниот пораст на нивото на морето ќе ги проголта крајбрежните градови низ целиот свет.

Сезоната на топење на мразот на Арктикот започнува секоја година во јуни и завршува во август, со врв на топење регистриран во јули.

Сепак, брзината на топење на мразот во Гренланд оваа година ги надмина рекордите.

Од 30 јули до 3 август, топењето е забележано на 90 проценти од површината на Гренланд со 55 милијарди тони вода испуштена во текот на пет дена.

Слично натпросечно топење е регистрирано во Швајцарија, глечерите изгубиле 800 милиони тони мраз таму за време на топлотните бранови во јуни и јули.

Аљаска, исто така, во јули забележа рекордно топење на мразот.


Потврдени 103 нови случаи со Ковид-19, починати пет, оздравени 13 пациенти - МИА
Вести

Регистрирани 115 нови случаи на КОВИД-19 и седум починати

Скопје, 5 јули 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1032 тестирања, а регистрирани се 115 нови случаи на Ковид-19, во Скопје-53, Куманово-4, Дебар-6, Штип-3, Прилеп-6, Тетово-8, Струга-13, Велес-1, Охрид-8, Гостивар-5, Пробиштип-1, Свети […]

Вести

Продолжува претставувањето на изборните понуди на партиите пред граѓаните

Скопје, 5 јули 2020 () – Предизборната кампања на партиите за предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат на 15 јули е на средина. Тие своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на […]

Почнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со коронавирусот - МИА
Вести

Вкупно 3611 активни случаи со КОВИД-19, најмногу во скопски Чаир

Скопје, 5 јули 2020 () – Бројот на заразени со КОВИД-19 вчера се зголеми за 147, а со тоа вкупниот број активни случаи во земјава изнесува 3611. Новозаразените се од Скопје-64, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-16, […]