Микророботи што ќе се вбризгуваат во човековите крвни садови

Швајцарски истражувачи од лозанскиот ЕПФЛ институт и ЕТХ Цирих создадоа микророботи, коишто можат автоматски да го менуваат обликот и да го прилагодуваат според тоа каде се наоѓаат, и кои ќе може да се вбризгуват во човековите крвни садови. Нивната намена би била да нѐ снабдуваат со лекарства или да ги прочистуваат артериите.

Микроапаратите ќе бидат автономни при движењето. Изработени се од слоеви биокомпатибилен хидрогел склопен како оригами, којшто често се користи во оваа софистицирана индустрија, заради неговата главна намена – прилагодивоста во организмот, што пак го намалува ризикот од внатрешни повреди.

– Нашите роботи содржат посебна градба и структура, коишто им овозможуваат да се адаптираат кон својствата на телесните течности. На пример, при промена на вискозноста (отпор при движење) или на осмотската концентрација, микророботите го менуваат обликот, за да се зачува брзината, како и својата постојаност и насока во движењето, објасува проф. Селман Сакар, раководител на испитувањата.

Овие сознанија може да доведе до создавање микроапарати кои ќе можат да го однесат лекот директно до местата во човечкото тело каде што тој е потребен.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]