Како до рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено и заштита од сонце?


Врвна заштита од сонце! Заштитува, намалува, прекрива! Eucerin Sun Pigment Control Tinted


 

Овие денови сигурно се прашувате како да постигнете рамномерен и природен тен на кожата, а истовремено да ја заштитите кожата од сонце? Иновациите на Eucerin во медицинската козметика дефинитивно многу го олеснуваат животот. Веќе нема потреба да се комбинираат пудри со производи за заштита од сонце за да се покријат неправилностите на лицето, а притоа ефективно да бидеме заштитени од штетните сончеви зраци. Новиот Eucerin Sun Pigment Control Tinted гел-крем обезбедува заштита од сонце, а истовремено и рамномерен и природен тен на кожата.

Ефикасно ја заштитува и негува чувствител­ната кожа и не остава масни траги на кожата. Достапен е во две нијанси (светла и потемна) а со него се постигнува највисока заштита од сонце со Advanced Spectral Technology од Eucerin®. Комбинира анти­оксидант ликохалкон А за неутрализирање на слободните радикали предизвикани од УВ-те зраци и високоенергетската видлива (HEVIS) светлина, со глициретинска киселина чија што улога е да ги помага сопствените механизми за обновување на ДНК-та на кожата.

Производот не е масен, не е леплив и не остава бели траги, а се апсорбира во кожата за неколку секунди. Перфектно­ решение за сите кои што не ги сакаат стандардните креми за заштита од сонце.

Сончевите денови отсега ќе ги има се’ почесто, а тоа значи дека навреме треба да обезбедиме квалитетна заштита за нашата кожа, посебно оние кои се склони кон хиперпигментни промени на кожата. Се одложува фотостареењето на кожата и ни се овозможува да уживаме во благодетите на сонцето!