Исцрпени се средствата за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети


Во врска со Јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети во домаќинствата за 2018 година, Ве информираме дека заклучно со денешниот ден, 21.02.2018 година, средствата  предвидени предвидени во Буџетот за 2018 година за надомест на оваа мерка се веќе искористени.



Ова е првата од мерките предвидени во Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, со вкупен буџет од 50 милиони денари, за која беа издвоени 14 милиони денари.

Целта на оваа мерка за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут, беше да се стимулираат домаќинствата за користење на обновливи извори на енергија за затоплување на своите домови, кои минимално ги загадуваат воздухот и почвата и не влијаат врз климатските промени.

Тоа значи на сите оние кои купија печки на пелети, по објавување на јавниот повик  на 31 јануари 2018, и аплицираа со потребните документи,  им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50 %, но не повеќе од 500 евра во денарска противвредност по домаќинство за 2018 година. Принципот по кој се врши доделувањето на надоместокот е „прв дојден прв услужен“, а до целосно исцрпување на средствата за оваа намена, после што ќе бидат изготвени решенија за исплата на надоместокот за домаќинствата кои ги исполниле условите утврдени со Програмата. Листата на баратели кои го остваруваат правото на надомест ќе биде објавена на веб страната на Министерството за економија.

Во Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година има уште две мерки со иста цел: надоместување на дел од трошоците за замена на старата столарија со нови ПВЦ или алуминиумски прозорци, за која се обезбедени 30 милиони денари и надомест за купен и вграден соларен колектор, мерка која веќе 9 години Министерството за економија успешно ја спроведува, за која годинава се обезбедени 6 милиони денари. Овие мерки ќе станат активни во месец март, со објавување на огласите за нив.


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*