ILLYCAFFÈ“ Се стекна со “B CORP“ сертификација


Прва Италијанска компанија за кафе со “B Corp“ сертификација за задоволување на највисоките стандарди за перформанси во општеството и животната средина


 

– Компанијата “illycaffè“ стана првата Италијанска компанија за кафе која се стекна со познатата “B Corp“ сертификација која се доделува на компании кои ги исполнуваат највисоките стандарди за перформанси во општеството и животната средина, транспарентност и одговорност. Компаниите кои имаат ваков сертификат работат оптимизирајќи го нивното позитивно влијание врз вработените, заедниците и  животната средина.

Етиката и одржливоста се дел од ДНК на “illycaffè“. Од основањето на Компанијата во 1933 година, нејзина цел е да го подобри квалитетот на животот на луѓето. Во 2019 година, “illycaffè“ ја зајакна својата заложба за работење како заинтересирана компанија кога го усвои статусот на “Бенефит компанија“. Притоа, компанијата ја потврди својата потрага по континуиран раст работејќи на одржлив начин за заедниците со кои комуницира, формално интегрирајќи ја оваа обврска во подзаконските акти на компанијата.

Одржливоста отсекогаш била оперативен принцип на “illycaffè“. Се применува во рамки на целиот синџир на снабдување на Компанијата, кој е изграден врз систем на директни односи со добавувачи врз основа на четири столба: избор и работа директно со најдобрите одгледувачи на Арабика; пренесување знаење и експертиза на одгледувачите, обучувајќи ги на “Универзитетот за кафе“ (UdC) на “illycaffè“ ; како и преку директна, практична работа на полињата со кафе со специјализирани агрономи, со цел да се постигне одржливо, висококвалитетно производство, истовремено почитувајќи ја животната средина. “illycaffè“ ги комбинира овие активности со наградување на одгледувачите за квалитетот што го постигнуваат преку плаќање на премиум цени повисоки од просекот на пазарот, истовремено поттикнувајќи постојано подобрување за да создадат одржливо кафе и заедница на одгледувачи која покрај физички може да се сретне и виртуелно, благодарение на платформата “Circolo illy“. Овие и бројни други иницијативи, придонесоа за сертифицирање на “illycaffè“ со “B Corp“.

Со својот нов статус, “illycaffè“ ја потврдува својата заложба за постигнување на утврдените цели за одржливост за да создаде трајна и споделена вредност. Ова е значајно достигнување за Компанијата, имајќи предвид дека досега, само 3% од 100.000 компании што аплицирале за “B Corp“ сертифицирање ги исполниле критериумите за извонредност, утврдени од “B Lab“, меѓународниот субјект за сертифицирање со “B Corp“ статус.

Продуктите на компанијата “illycaffè“ се достапни во повеќе од 140 земји ширум светот, меѓу кои е и Македонија. Официјален дистрибутер за производите на “illycaffè“ во Македонија и Црна Гора е компанијата “Еуролаб Интернационал Груп“ (Eurolab Internacional Grup).