Хакиран сајтот OPSERVER.MK!


Почитувани читатели,

Сакаме да ве известиме дека на ден 28-ми Август во 01:15 мин. по полноќ порталот opserver.mk беше хакиран, односно истиот не беше во функција што доведе до неможност да пренесуваме вести. Групата која го хакира сајтот се нарекува Блек Веб Хакерс (Black Web Hackers). Хакерите на оваа група се кријат под псевдонимите Muslim-r00t, 3×3, mrsph1nx, H3XCOD3, Cod3D Br4in, Mind HaXor, whiteshark.

Нашите информации кои произлегуваат од анализите кои ги правевме укажуваат на тоа дека се работи за хакерска група од Пакистан која работи по нарачка.

Порталот opserver.mk има уредувачка политика на објективно известување и пренесување на информациите во целост. Ние од opserver.mk ги пренесуваме ставовите на Власта, опзицијата како и индивидуални ставови на експерти и аналитичари.

Во изминатиот период низ социјалните мрежи повеќе индивидуалци, а и портали известија дека нивните фејсбук страници и портали се блокирани заради негативниот став кои го имаат кон Владата на Република Македонија, а и ставот кој го имаат за бојкот на претстојниот референдум.

Ние не сакаме да веруваме дека и нашиот портал е мета на некои структури кои имаат за задача да го контролираат интернет просторот, а и да влијаат на јавното мислење преку блокирање и онеспособување на порталот само заради тоа што пренесуваме ставови за движењето #Бојкотирам и неговите најистакнати подржувачи.

Сакаме уште еднаш да напоменеме дека ние и понатаму ќе продолжиме да ги пренесуваме сите ставови за и против политиката на Владата. Народот е тој што ќе го извлече заклучокот.

Порталот opserver.mk во моментот е во полна функционалнот и ќе продолжи да Ве информира брзо и навремено за сите збиднувања во Македонија и во светот.

Им се заблагодаруваме на сите наши читатели и поддржувачи од кои ја црпиме енергијата и еланот за работа!

Тимот на Опсервер


Многу опции за парламентарно мнозинство и нова влада, пролонгирањето неповолно за ЕУ-интеграцијата - МИА
Вести

Од денеска почнуваат разговори за новата влада

Скопје, 4 август 2020 () – По одржувањето на конститутивната седница на Собранието, од денеска почнуваат и разговорите за формирање на новата влада. Партиите кои по изборите неофицијално ги почнаа разговорите, се очекува од денеска […]

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи - МИА
Вести

Прва седница на новиот собраниски состав под здравствени протоколи

Скопје, 4 август 2020 () – Во Собранието на Република Северна Македонија, денеска на пладне во салата Голема купола ќе се одржи првата седница на новиот парламентарен состав согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]

Нови 14 дена вонредна состојба, за заокружување на здравствените одговори на пандемијата - МИА
Вести

Бројот на починати од Ковид-19 достигна 500, вирусот најризичен за постарите лица

Скопје, 4 август 2020 () – Тројца пациенти починаа вчера од вирусот Ковид-19, со што вкупниот број на починати од оваа болест достигна 500. Ковид-19 е најризичен за постарите лица, односно предизвикува поголема смртност кај […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*