Гугл очила за полесна социјализација на децата со аутизам

Децата со аутизам ќе можат полесно да ги распознаваат изразите на лицата и емоциите на другите луѓе и да се социјализираат, со помош на Гугл очила кои се поврзуваат со апликација на паметен телефон.

„Супермоќните очила” всушност служат како „преведувач“, а апликацијата со помош на вештачка интелигенција на детето му нуди повратна информација која му помага да ги следи емоциите на лицата и да ги разликува. И, сè тоа со помош на емотикони коишто отсликуваат среќа, лутење, страв, изненаденост…

– Изразите на лицата се комплексни, динамични, единствени. Емотиконите се многу поедноставни. Затоа, сè ова има смисла оти лицето со аутизам полесно ги разбира емотиконите, објаснува Џералдин Досон од Дјук центарот за аутизам и развој на мозокот во Дурам, Северна Каролина, САД.

Децата со аутизам најчесто имаат проблем да одговорат на туѓите емоции и однесување. Со системот, апликацијата веднаш им дава повратна информација и помага во јакнење на нивните социјални вештини.

По шест седмици експериментално користење четирипати по дваесет минути седмично, децата имале подобри резултати на тестовите за социјализација, комуникација и однос во група од 31 дете ставено на стандардна грижа за аутизам.

– Со супермоќните очила, децата се учат да се впуштаат во друштвените активности, дека луѓето се интересни и да можат да разберат што нивните лица говорат. Тоа е важно оти поттикнува на дружење и детето сфаќа дека и тоа може така, смета одговорниот за истражувањето, Денис Вол од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија.

Апликацијата потоа ќе може податоците од друштвените активности да им ги пренесат на родителите, така што тие се во тек со сè.


Вести

За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253

Денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. На изборите право на глас имаат 1.808.131 избирач, кои можат да изберат меѓу тројца кандидати Блерим Река, Гордана Силјановска-Давкова и Стево Пендаровски. Во првиот круг победник може да […]

Вести

Отворена телефонска линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право

Граѓаните денеска на денот на одржувањето на првиот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид, Дебар и Ново Село ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право […]

Вести

Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од […]