Македонските потрошувачи и оваа година го препознаа како најпознат и најомилен бренд од категоријата „ТРАДИЦИОНАЛНО КАФЕ“, покажаа резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата Инсајдер ИД. Истражувањето покажува дека Grand kafe се истакнува како најпрепознатлив бренд во една од категориите со најсилна конкуренција, истакнувајќи се пред пазарните ривали со својот константен квалитет, стекнатиот имиџ и достапноста на своите производи.
Во истражувањето на Инсајдер ИД опфатени се производи од 17 различни категории, а резултатите од ова истражување можат да им помогнат на компаниите да добијат идеја колку нивниот производ се користи на пазарот, каква демографија најчесто го користи и што треба да направат за да ја зацврстат позицијата на производот на пазарот.
Направено во Македонија од најквалитетните состојки, Grand kafe претставува домашен производ на кој можете да се потпрете секогаш кога ви е потребен мирис и вкус на вистинско свежо мелено кафе, кое наутро ќе ве расони, а попладне ќе ви ја даде енергијата која ви е толку потребна во денот, и граѓаните на Македонија тоа го препознаваат. Инсајдер напоменува дека главната трка за најпрепознатливиот бренд на кафе на пазарот се одвива помеѓу три различни бренда, но Grand kafe сепак убедливо се наоѓа на лидерската позиција најмногу благодарение на традиционалниот квалитет и постојаната директна комуникација со своите потрошувачи, чиј број низ годините продолжува да се зголемува.
Најдобриот бренд на кафе не заборава и да ги награди своите корисници. Наградната игра „Стани Гранд милионер“ веќе ги извлече првите двајца добитници на главна награда од милион денари, што значи дека преостанува само уште една шанса за да го освоите милионот. Пронајдете го кодот во внатрешноста на пакувањето од 200 грамските пакувања на Grand kafa и испратете го преку веб страницата www.grandkafa.mk, преку СМС на бројот 149 491 во формат GRAND(празно место)КОД, или преку Viber каналот на Grand kafa.