Германскиот автомобилски гигант Дајмлер планира да укине 15.000 работни места



 – Германскиот автомобилски гигант Дајмлер се подготвува да укине 15.000 работни места, многу повеќе од првично планираното, за да ги намали трошоците и да ја надмине кризата во автомобилската индустрија, пишува германскиот весник Ханделсблат.

Претседателот на управата Ола Каелениус утре треба да го соопшти укинувањето на работните места, паралелно со објавувањето на деловните резултати, пишува весникот, повикувајќи се на извори од компанијата.

„Компанијата ќе се обиде да го намали бројот на вработените нудејќи им отпремнина, предвремени или делумни пензии. Тие имаат за цел да ги намалат трошоците за повеќе од 1,4 милијарди евра, со оглед на тешката состојба во германскиот автомобилски сектор“, додава весникот.

Производителот на луксузни автомобили, во чија сопственост е Мерцедес-Бенц, првично планираше да укине 10.000 работни места.

Од компанијата засега нема коментар на пишувата на весникот.


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]