ФТ: Епл купи компанија во областа на вештачката интелигенција за 200 милиони долари



– Американската компанија Епл потрошила речиси 200 милиони долари за стартапот „Икснор“, кој работи на развивање системи на вештачка интелигенција за паметните апарати, посебно оние кои работат независно од мрежите и немаат достап до „облачните“ податоци, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Според весникот, за стартапот претендирале и Амазон, Мајкрософт и Интел. Понудата на Епл била најприфатлива, истакнуваат извори за изданието.

Според нив, технологиите на „Икснор“ за паметни апарати им овозможуваат на корисниците на Епл целосно да ги контролираат своите лични податоци. Исто така, со технологиите на „Икснор“, критично важни апликации можат да продолжат да работат и во услови на прекин на врската со „облакот“.

Овој чекор на „Епл“ може да стане важен дел од маркетингот на компанијата, затоа што таа се обидува да биде поразлична од Гугл или Фејсбук, истакнуваат познавачите. Епл не коментираше за купувањето на компанијата.


Вести

Владата одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта

Владата на денешната 7-ма седница одобри организација на продолжен престој на учениците во основните училишта за одделенијата кои ќе започнат настава со физичко присуство, со препорака продолжениот престој да се организира и реализира со ученици […]

Вести

Спроведување на Јанкулоска е надвор од законската процедура, смета адвокатка Алексиќ

– Адвокатка на Гордана Јанкулоска, Сања Алексиќ  денеска пред новинарите изјави дека спроведување на Јанкулоска е надвор од секоја законска процедура од причина што таа е оневозможена  да  побара одлагање на издржувањето на казната по било кој друг […]

Бизнис и економија

Онлајн дискусија: За ефективни министри потребни се интегритет, работа и тим и вложување во администрацијата

– Три елементи се клучни за да понудиме резлтат во која било област што ја работиме – интегритет, работа и тим, потребно е и чувство дека како Министерство за одбрана сме дел од еден тим кој […]