Фејсбук отстранил повеќе од девет милиони објави со говор на омраза


Фејсбук отстранил повеќе од девет милиони објави со говор на омраза - МИА

Вашингтон, 13 мај 2020 () – Компанијата Фејсбук ја информира јавноста за драстично зголемување на бројот на отстранети постови што промовираат насилство и говор на омраза, што сега се припишуваат на подобрувањата во технологијата за автоматско препознавање на текст и слика, известува „Гардијан“.

Најголемата светска компанија за социјални медиуми тврди дека во првиот квартал од годината отстранила околу 4,7 милиони објавувања поврзани со организирани групи кои промовираат омраза, споредено со 1,6 милиони што биле отстранети во претходниот квартал

Исто така, компанијата соопшти дека во првиот квартал биле отсртанети 9,6 милиони објави на Фејсбук што содржеле говор на омраза, наспроти 5,7 милиони во последниот квартал од минатата година.

Фејсбук ги објави податоците како дел од својот петти Извештај за имплементација на стандардите на заедницата, што го воведе како одговор на критиките за слабиот надзор на своите платформи.

 


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]