Фејсбук нуди нова услуга за онлајн трговија


Фејсбук нуди нова услуга за онлајн трговија - МИА

Њујорк, 20 мај 2020 () – Фејсбук почнува со нова услуга –  „Продавници“ (Shops) – што ќе им овозможува на бизнисите да изложат и продаваат производи на платформите на најголемата социјална мрежа во светот. Тоа го најави извршниот директор Марк Цукерберг.

„Мислам дека ова е особено важно сега затоа што многу мали бизниси се преместуваат на интернет за справување со економските последици од Ковид-19“, напиша Цукерберг на личниот профил на Фејсбук. Според него мрежата ќе работи во соработка   со Шопифај (Shopify) и седум други платформи за онлајн трговија.

Интернет-продавниците ќе бидат достапни преку Фејсбук и Инстаграм, ќе има и опција за плаќање преку платформите, а клиентите ќе можат да комуницираат со трговците преку WhatsApp и Messenger. Услугата „Продавници“ ќе биде бесплатна за бизнисите и се очекува да го зголеми интересот на потрошувачите и тоа ќе доведе до зголемување на платено рекламирање.


Нови 22 случаи со Ковид-19, вкупно дијагностицирани 1.839, оздравени 50 пациенти, двајца починати - МИА
Вести

Нови 76 случаи на инфицирани со Ковид-19 во државава, 26 оздравени и еден починат

Скопје, 2 јуни 2020 () – Од вкупно извршените 885 тестирања во изминатите 24 часа, регистрирани се 76 позитивни пациенти на Ковид-19, додека во исто време оздравеле 26 пациенти, информира вечерва Министерството за здравство. Министерството […]

ДСЗИ има направено над 116 вонредни инспекциски надзори во градскиот превоз - МИА
Вести

Досега 55 позитивни на КОВИД-19 од штипските конфекции, во тек се 485 тестирања

Скопје, 2 јуни 2020 () –  Во Штип до вчера се издадени 55 решенија на позитивни лица на вирусот за домашно лекување и самоизолација и 169 решенија на лица за здравствен надзор и изолација по […]