Фејсбук и Инстаграм ја намалија брзината на проток на видео-содржините во Европа


– Компанијата Фејсбук објави дека со цел да се избегне оптоварување на интернетот во Европа привремено ја намали брзината на проток на видео-содржините на Фејсбук и Инстаграм.

Социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм се повеќе се користат по воведувањето на вонредни мерки ширум Европа, што бара и работа од дома и социјална изолација.

Претходно, компаниите Нетфликс и Гугл најавија дека ќе го прилагодат системот на емитирање на своите видео-содржини на новонастатнатата ситуација.

Европска комисија, претходно ги повика провајдерите, операторите и коринсиците на интернер услуги да го спречат оптоварувањето на мрежата и да обезбедат отворен интернет.


Вести

Пациентка од Струга почина од Ковид-19, 22 нови случаи, вкупно заболени 241 лице

– Дваесет и два нови случаи на заболени од коронавирус се регистрирани изминатите 24 часа во земјава, соопшти Министерството за здравство. По градови во Скопје (9), Куманово (3), Струга (3), Тетово (2), Дебар (2), Прилеп (2), […]

Вести

Чулев: Во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе се доставуваат на домашна адреса

– Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска најави дека в понеделник ќе се смени правилникот со што во ситуации кога е неопходно личните карти и возачките дозволи ќе има можност да се доставуваат на […]

Бизнис

Народна банка: Денарот е и ќе остане стабилен, нема промени во девизниот курс

– Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, нагласува Народната банка по објавите во некои медиуми и на социјалните мрежи во кои се коментираат девизните курсеви на онлајн платформи. Народна банка […]