Европската сонда „Солар Орбитер“ ќе го набљудува Сонцето


–  Научниците денеска во Вселената ќе го лансираат леталото „Солар Орбитер“ што ќе го истражува Сонцето, за да може подобро да се разбере.

Сондата на Европската вселенска агенција (ЕСА) ќе биде лансирана вечерва од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида, во соработка со американската вселенска агенција НАСА.

Сондата со себе ќе носи десет научни инструменти, со  209 килограми корисна носивост.

Откако ќе ја  мине орбитата на Венера и потоа и на Меркур, сателитот, чија максимална брзина ќе изнесува 245.000 километри на час, ќе може да се приближи до Сонцето на 42 милиони километри, што претставува помалку од третина од одалеченоста на Земјата од Сонцето, пренесе Индекс.хр.

Собраните податоци ќе се споредуваат со оние од сондата на НАСА, „Паркер“, што беше лансирана во 2018 година, која многу повеќе му се доближила на Сонцето (на седум до осум милиони километри),  но нема технологија за директно набљудување, бидејќи температурата на таа одалеченост е превисока.


Вести

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава, засега приведени четири лица

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните […]