Епл сериозен конкурент на Нетфликс


Епл вчера претстави неколку нови уреди, меѓу кои и три модела на „Ајфон“, поевтин „Ајпад“ и нов паметен часовник. Но покрај тоа, компанијата потсети и на својот нов бизнис, којшто постепено станува поважен од хардвер-уредите – дигиталните услуги слични на оние на Нетфликс.

Тие услуги уживаат голема популарност, поради тоа што нудат пристап до огромен избор содржини за ниска цена. Но, цената може и да е пониска…

Предноста на Епл во таа смисла, е големата покриеност на пазарот, па може а пушта дигитални услуги за видеоигри, видеа и други апликации по многу пониски цени од вообичаените. Тоа ќе навлече многу критики кон компанијата, особено поради понудата – првата година за сите новопродадени продадени Ајфони и Ајпади, новите услуги да бидат бесплатни.

Една од новите услуги е Епл ТВ плус. Тоа ќе биде избор на нови содржини – филмови, серии и емисии, направени само за оваа платформа. Во проектите се ангажирани Џенифер Анистон, Риз Видерспун, Џејсон Момоа, Опра Винфри, Стивен Спилберг и други познати лица од шоу-бизнисот. А, изборот на содржините само ќе расте.

Цената на услугата ќе биде 4,99 долари месечно, и таа својот почеток ќе го има на 1 ноември годинава, во над 100 држави во светот.

Вести

Адвокатот на Боки 13 бара тој да биде итно хоспитализиран

Бранител на Бојан Јовановски Боки – 13, адвокатот Сашко Дукоски денеска на прес-конференција побара неговиот клинет итно да биде хоспитализиран и да биде лекуван, поради сериозни здравствени проблеми. Боки – 13 е обвинет во случајот […]

Вести

Одложено судењето за „Т.Н.Т“

Судењето за предметот „Т.Н.Т“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски се одложи за 25 ноември, поради полициска наредба за спроведување на обвинетиот Миле Јанакиески во ОЈО за гонење на организиран криминал за […]

Вести

Судењето за „Маџар-Телеком“ одложено за 28 ноември

Во Кривичниот суд во Скопје денеска беше одложено рочиштето за случајот „Маџар-Телеком“, поради оправдано отсуство на судијката Ленка Давиткова. На денешното рочиште требаше да биде сослушан ексразузнавачот Слободан Богоевски. Случајот против поранешните генерален и финансиски […]