Експертите алармираат: Расте резистентноста на антибиотици во ЕУ

Последниот извештај на Европската агенција за безбедност на храна и на Европскиот центар за превенција на болести, констатира зголемување на отпорноста на антибиотиците кај населението во ЕУ.

Според експертите, најмногу ефикасност губат антибиотиците за третирање на болести кои се пренесуваат од животни на луѓе, како салмонелозата и кампилобактериозата, а во одредени случаи лековите веќе воопшто не делуваат.

Повеќето земји членки на ЕУ констатираат дека салмонелата е сѐ поотпорна на антибиокот Флуорокинол, попознат како Ципрофлоксацин, алармираат авторите на студијата.

– Посебно загрижувачка е комбинираната отпорност, што значи дека дури и во слаби пропорции, илјадници пациенти во ЕУ имаат само ограничени опции на третман за сериозни инфекции, предупреди Мајк Кечпол од Европскиот центар за превенција на болести.

Според Европската Комисија, Извештајот, кој е обработен врз основа на податоците од 2017 година, е „причина за аларм“. 

– Тој покажува дека влегуваме во свет каде обичните инфекции ќе станат тешко или воопшто неизлечиви, но сепак, амбициозни национални политики во некои земји кои ја ограничуваат употребата на антимикробиотици доведоа до намалување на отпорноста, изјави еврокомесарот за здравство Витенис Андриукатис.

Експертите ги поткрепија изјавите на комесарот со податоци дека земјите членки на ЕУ кои преземале строги мерки за спречување на отпорноста кон антибиотиците констатирале нејзино намалување.


Бизнис

Фондот за Западен Балкан додели грантови за 24 проекти

Секретаријатот на Фондот за Западен Балкан во Тирана ја одржа дводневната партнерска работилница и церемонијата за доделување на грантови од 24-те победнички проекти од вториот повик на ВБФ. На настанот присуствуваа високи претставници од министерства за […]

Вести

Протест на жителите на Гази Баба против преселбата на Центарот за зависности во нивната населба

Жителите на Гази Баба денеска одржаа протест против најавата за дислокација на Центарот за одвикнување од зависности од Општина Кисела Вода во простории на поранешната фабрика „Металски завод – Тито“, во населбата Маџари. Учесниците на […]

Вести

Марш за Денот на параплегијата и дистрофијата во Скопје

Денот на параплегијата и дистрофијата денеска беше одбележан со марш организиран од Националниот сојуз на лица со попреченост „Мобилност“, под слоганот „Силата не е во чекорењето, силата е во издржливоста!” Неколку години по ред, секцијата […]