ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ со групата EXTRAVAGANZA!


Имавме можност да се дружиме со една млада музичка група со огромен потенцијал, Extravaganza. Групата ја сочинуваат Јовче Воденичаровски и Крсте Калевски, и двајцата Ресенчани. Дечките се полни со енергија, постојано позитивни, насмеани, а имаат и големи амбиции. Нашата средба ја искористивме и за да им поставиме неколку прашања. Еве за што разговаравме:



 

Колку песни имате издадено до сега?

До сега имаме издадено две песни . Првата песна “Само да си тука до мене” ја издадовме минатото лето, а втората песна “Казна моја си” ја издадовме пред околу еден месец.

За кои песни имате снимено спот и кои се нивните автори?

Видео запис имаме снимано и за двете песни. Музиката и аранжманот и на двете песни се дело на познатиот ресенски композитор Хари Котларовски кој многу верува во нас и сакаме да му се заблагодариме за покажаната доверба и трпение и прекрасните песни кои што ги прави за  нас, а текстовите и на двете песни ги напишта членот и главниот вокал на Extravaganza, Јовче Воденичаровски.

На која локации се снимаше вашиот последен спот и колку време траеше снимањето?

Нашиот последен спот се снимаше на неколку локации во Скопје и тоа, Центар, Тафталиџе и Градски Парк како и во студиото на PS Visual Art.

Со која продуцентска куќа работевте на спотот и кој уште учествува во спотот?

На последниот видео запис соработувавме со PS Visual Art и Стефани Павловска, а во спотот се појавува и Љиља Прентовиќ како актерка.

 

Може да ни раскажеш мал дел од приказната на спотот?

Со видео спотот сакавме, колку што беше тоа возможно, да ја доловиме и приказната на песната и поврзаноста на двата лика во спотот која што е голема и која кажува дека тие се створени еден за друг и постојано се навраќаат еден на друг.

 

Каде може да ве слушне публиката во меѓувреме, дали се подготвувате можеби за некои фестивалски настапи?

Па имаме настапи низ повеќе градови меѓутоа претежно сме во Скопје, Ресен и Куманово во Irish Pub Garden, Vintage, Veneto, Studio Pub, Sistem Pub како и во Китим, Голд Кафе итн. Во поглед на фестивалите, секако дека имаме амбиции да се појавиме првично на фестивали на македонска песна, а потоа и на интернационални фестивали.

 

Кога може да очекуваме следна песна и спот?

Можеме да кажеме дека напорно се работи и на трета песна за која сеуште немаме одредено датум на промоција, но се надеваме дека за брзо време ќе биде завршена и на тој начин со нови убави песни ќе им се оддолжуваме на македонската публика.

 

Момци, ви посакуваме многу успеси… многу нови песни… албуми… турнеи….

 

 

 


Вархеји сака гаранции дека изборите ќе бидат фер - МИА
Вести

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

– Еврокомесарот за добрососдество и проширување Оливер Вархеји е премногу мек кон Софија во однос на блокадата на Северна Македонија, пишува „Политико“ во својата анализа за работата на комесарите во изминатава година. Како најлош момент […]

Вести

Состојбата со Ковид-19 под контрола, здравствениот систем се подготовува за вакцинација

Бројот на заболени од Ковид-19 минатата недела е намален за 9,9 отсто, а се зголеми бројот на оздравените. Надлежните сметаат дека состојбата е под контрола, а здравствениот систем веќе почна со подготовките за вакцинација против […]

Вести

Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период – теми на онлајн средбата на македонските и бугарските историчари

Содржината во македонските учебници по историја за средновековниот период и раноосманлискиот период ќе биде тема на 11. средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, која ќе се одржи денеска и утре. На […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*