„Добре дојде дома – со љубов, Халкбанк“ – подарете им среќа и прегратки на најблиските што доаѓаат дома за празниците


Во емотивна завршница за оваа 2021 година, Халкбанк чести изненадувања и прегратки за вашите најдраги на Меѓународниот аеродром Скопје.


 

„Слетав. Се гледаме за кратко“ – ова се зборовите што изминатите речиси две години не ги слушаме колку што сакаме. Токму овој период, за време на новогодишните празници, е период кога секој мисли на едно место каде што сè е спокојно и полно со љубов: дома.

За крајот на оваа година во која покажа апсолутна емпатија и поддршка за целата заедница, Халкбанк во неверојатно емотивна акција преку своите социјални медиуми јавно ги повикува сите оние чии најдраги слетуваат на Меѓународниот аеродром Скопје до 09.01.2022 да  ги пишат деталите од летот и пораката со која ќе сакаат да ги пречекаат на pr@halkbank.mk, најдоцна до 05.01.2022 а другото да го остават на добрите луѓе од тимот на Банката, кои ќе се погрижат вашите сакани да бидат пречекани со широко отворени прегратки, насмевки и срца.

Погледнете го емотивното видео подолу, кое може да ви послужи како инспирација за тоа како може и вие да ја искористите можноста за изненадување и обезбедување тројно повеќе прегратки при првата средба со вашите сакани.

Со оваа кампања преполна емоции, Халкбанк, во својот препознатлив стил, ја одбележува завршницата за 2021 година, каде што централната емоција е изградена врз моментот на првата средба, на враќањето дома каде што е најсреќно, најтопло.

Првата средба по слетувањето назад е моментот за кој, колку и да се подготвуваме, секогаш нè начекува неспремни: секогаш е поемотивен од замисленото, се памeти подолго од очекуваното. Заедно со Халкбанк, да ги направиме последните моменти од оваа година вредни за паметење!