Целосна стипендија за најдобрите средношколци од Меѓународниот балкански универзитет


– Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) и за академската 2021/2022 година ќе додели стипендии на средношколци кои покажале добар успех во средното образование, а кои сакаат да го продолжат школувањето на еден од најдобрите универзитети во земјава којшто, според Шангајската листа, е прогласен за најдобар универзитет во областа на наставата и учењето. Програмата за стипендирање на идните студенти која се базира на успехот остварен во средното образование, а која почна да се применува од минатата година, овозможува средношколците да добијат стипендија од 50% до 100% во текот на нивните студии. Аплицирањето за стипендии веќе започна и ќе трае до 30 септември, односно до пополнување на предвидените квоти за студенти.


 

Програмата предвидува целосна стипендија за оние средношколци кои се прогласени на најдобри во генерацијата, а 80% стипендија ќе важи за оние со среден успех 5.00 и за нив трошоците по семестар ќе изнесуваат 200 евра. За учениците со успех од 4.50 до 4.99 е предвидена стипендија од 70%, односно семестарот ќе ги чини 300 евра, а за оние со успех меѓу 4.00 и 4.99 стипендијата е 60%, односно школарината по семестар е 400 евра. Стипендија во висина од 50% и плаќање школарина од 500 евра по семестар можат да добијат средношколци со среден успех од 3.00 до 3.99.

„МБУ останува целосно посветен на поддршка на образованието и науката во Република Северна Македонија и балканскиот регион преку обезбедување стипендии до 100% за најталентираните и најуспешните ученици. Од основањето до денес, над 1200 студенти ја имаат искористено нашата Програма за стипендии. Годинава, која е за нас јубилејна бидејќи одбележуваме 15 години постоење, очекуваме да добиеме стотици нови успешни студенти кои ќе станат високо квалификувани професионалци, а веќе утре и носители на одлуки за подобар свет. Тие се вистински амбасадори на Меѓународниот балкански универзитет и на нашиот модерен и квалитетен образовен систем, насочен кон студентите и кон кариерата“, вели Висар Рамадани, генерален секретар на МБУ.

МБУ на своите студенти обезбедува современи студиски програми кои овозможуваат  квалитет на образованието признаен на меѓународно ниво, наставни програми целосно на англиски јазик, меѓународно образовно опкружување со студенти од над 15 земји, кампус од светска класа во Скопје, динамична примена на Програмата за мобилност на студенти Еразмус+ и безброј можности да започнат кариера веднаш по дипломирањето.

Идните студенти можат да аплицираат за стипендии за седум факултети со 18 програми за додипломски студии во различни области, како што се компјутерското инженерство, архитектурата, психологијата, банкарството и финансиите, графичкиот дизајн, комуникациите и односите со јавност, јазиците, итн.

Програмата за стипендии на МБУ за 2021/2022 се однесува за идни студенти од Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија. Добиената стипендија важи и за Подготвителна програма за англиски јазик за кандидатите кои немаат потребно владеење на англискиот јазик.

Сите кои ги исполнуваат условите и сакаат да студираат на престижниот универзитет можат да аплицираат онлајн на www.ibu.edu.mk/scholarships до 30.09.2021 година.