ART JUICE – нов домашен бренд на природен сок од калинка


– Семејната компанија Органик Нар од Богданци започна со производство и продажба на ART JUICE – нов бренд на природен сок од калинка. ART JUICE се произведува од најубавите домашни калинки одгледани во чистата средина на топлиот југ. Сокот e добиен исклучиво од зрната на калинката, кои во процесот на производство се двојат од кората и од останатите делови на плодот. Првите количини се наменети за домашниот пазар, но компанијата планира ART JUICE да се извезува и во странство.


 

„Пред четири години ги засадивме првите насади со калинка, овошје кое е многу присутно и по кое е препознатлив југот на Македонија. Годинава одлучивме да инвестираме во  технологија за производство на сок и да создадеме додадена вредност, бидејќи веруваме дека тоа е единствениот пат за раст и развој на земјоделскиот сектор. Откупивме значителни колични калинка од локалните производители и се надеваме започнуваме една успешна бизнис приказна“, велат од компанијата Органик Нар.

Без адитиви и додатоци, ART JUICE се произведува согласно највисоките стандарди за квалитет на ваков тип производи. Калинката е едно од најкорисните овошја, богато со витамини корисни за кардиоваскуларниот и нервниот систем. Со силното антиоксидативно дејство, ја подобрува состојбата на кожата, меморијата и функционирањето на целокупниот метаболизам.

Практичното bag in box пакување овозможува лесно и брзо конзумирање, но и долготрајност на сокот. Специјалното пакување го штити ART JUICE од надворешни влијанија и сокот ги задржува своите квалитативни својства како уникатниот освежувачки вкус и автентичната арома.

Компанијата Органик Нар во претстојниот период планира да ја прошири својата палета преку производство на природни сокови од различни видови овошје без користење конзерванси и адитиви.