10 години InPlayer во Скопје!


Велат дека првите 10 години се вистинското искушение за секоја компанија, а десеттиот роденден е круна на сета макотрпна работа, успеси, падови и повторни успеси. Доколку се водиме од тоа непишано правило, несомнено е дека пред македонско – британската софтверска компанија InPlayer допрва следуваат најголемите успеси.


 

Под мотото „Decade of Awesomeness”, кое најдобро ја опишува компанијата и атмосферата во самиот тим, InPlayer на 08.11.2021 на аеродромот Стенковец ги прослави своите први 10 години.

Да се потсетиме, специјалност на InPlayer е монетизацијата на премиум содржини и главниот развој на платформата се движи во овозможување на што поголем број на функционалности кои нудат голем број на опции на крајните корисници.

InPlayer Limited е основана во јули 2010 година во Лондон, а набргу потоа, во ноември следната година е отворено и седиштето во Скопје, со тим од само неколкумина луѓе. Како и секоја успешна бизнис приказна, и таа на InPlayer е исполнета со безброј предизвици. Но, констатната мотивација, напорната работа, креативноста и нивната уникатност на светскиот пазар ги донесоа до тоа да изградат силен тим од над 200 вработени и над 50 отворени позиции.

Во моментов портфолиото на InPlayer брои илјадници задоволни клиенти, повеќе милиони остварени трансакции и проекти со светски имиња и брендови со кои ретко кој може да се пофали. А сето тоа благодарение на тимот посветени професионалци кои се секогаш спремни за акција.

Ова е само мал фрагмент од проектите и интернационалните соработки низ годините:

  • Соработката со фудбалскиот гигант Manchester United и монетизација на нивните натпревари.
  • Соработката со славната Зоолошката градина „Таронга’ во Сиднеј, Австралија
  • Заеднички проект со UFC легендата, Конор Мекгрегор
  • Признанието со кое ретко кој може да се пофали – Significant companies on the global digital content market.

За да го прослави овој голем успех, но, и за уште еднаш да потврди дека е компанија која постојано придонесува во заедницата, InPlayer во 2020 година реализираше општествено-одговорен проект за пошумување низ цела Македонија, со кој секој постоен и нов клиент добива уникатен подарок – дрво кое ќе биде засадено на прецизирана локација.

Фотографиите подолу се само дел од “awesome“ роденденот на InPlayer тимот и прославата на првите 10 години.

Им посакуваме уште многу децении успеси, соработки со најголемите светски имиња и уште илјадници задоволни клиенти.