„ЈОIE DE VIVRE“ – Изложба на Калина Брајковска во четврток во МК


На 22.02.2018 (четврток) во рамки на Младинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата Joie de vivre“ на Калина Брајковска. Авторските дела кои ќе бидат прикажани на изложбата се изработени во неоекспресионистички стил, масло на платно.

“Во времето кое стои помеѓу нас и класичниот сликарски пристап, Калина е на границата помеѓу двата света, оној кој заминал и оној кој доаѓа. Нејзиниот гест е израз на контраста помеѓу сѐ околу нас. Сегментот на оваа изложба е полната колоритна линија која е пуштена на слобода, во потрага по нови форми на психологијата на виденото. Колоритот го нагласува карактерот и времето за себе, создавајќи форми на ослободени фигури. Сликата сама по себе носи симбол и знак кој означува различни типови на знаци сумирани во визуелен настан. Карактерот на сликата соодвествува на идеата дека уметницата е во потрага по мотиви во сопствениот естетски двор. Моја искрена препорака до публиката е да ја посетат оваа изложба и да погледнат убаво… има што да се види!“ потенцираше Горјан Ѓорѓиев за авторката на оваа изложба.

Калина Брајковска е родена на 27.12.1979 година во Скопје. Дипломира на Филозофскиот Факултет на отсек историја на уметност со археологија. Работи и живее во Скопје, а со сликарство и применета уметност се занимава во целиот нејзин досегашен живот.

Заинтересираните посетители ќе можат да ја погледнат изложбата „Јoie de vivre“ на Калина Брајковска започнувајќи од 22.02.2018 (четврток)  во Младинскиот Културен Центар во Скопје.

Вести

ДКСК со иницијатива до Заев да утврди одговорност кај Анѓушев за акцизите на литиум јонски батерии

Државната комисија за спречување на корупција на денешната 24 седница со четири гласа „за“ и два „против” донесе одлука за поднесување иницијатива до премиерот Зоран Заев за отворање постапка за утврдување одговорност против вицепремиерот Кочо […]

Вести

Судиите од Кривичниот суд во Скопје со поддршка за судската администрација

Колегиумот на судии и Здружението на судии од Основниот кривичен суд во Скопје денеска им дадоа поддршка на судските служеници, кои денеска од 09:30 до 11 часот протестираа пред судовите во државата. – Тука сме […]

Вести

Судската администрација протестира против одлуките на Судскиот буџетски совет

Судската администрација во сите судови низ државата денеска протестираше против одлуките на Судскиот буџетски совет, кои се однесуваат на нерамномерното зголемување на додатоците на плата и на неисплатата на платата на дел од учесниците во […]