Доста е партија ! Сите за Македонија


На facebook се појави настан кој повикува утре сите Битолчани на протест за заштита на Македонија и македонскиот народ:



“Не постои друг термин, не постои достоинствено ново име кое можи да го замени уставното име на нашата држава Македонија.
Додека политичарите на некој начин тргуваат со нашето име, ние се одлучивме да се обединиме во оваа иницијатива преку која ќе искажиме едно незадоволство од промената на името.

Оваа група и оваа иницијатива е против :

1. Законот за двојазичност на целата територија на Република Македонија
2. Договорот за добрососедство со Бугарија
3. Промена на уставното името на Република Македонија
4. Против организирање на РЕФЕРЕНДУМ со кој се планира било каква уставна промена.
Во Македонија Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и Бошњаците ќе си ги задржат етничките имиња и својот идентитет, а за жал, само Македонците ќе не преименуваат како тие што сакаат.
Дали тоа ќе се дозволи не зависи од нас, не сме ни политичари ни пратеници кои ќе се спротистават со гласање против во Собранието на Република Македонија, но нема ни да седиме дома и немо да дајме согласност за тоа да се случи.
Затоа ве повикуваме сите да ни се придружите…
Доста е партии нас Македонија не обединува !”