ЗНМ: ДУИ да престане со етикетирање новинари


ЗНМ: ДУИ да престане со етикетирање новинари - МИА

Скопје, 19 мај 2020 () – Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува етикетирањето на претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети кон новинарот на онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа. По вчерашната лидерска средба, Ахмети даде изјава за медиумите и по новинарското прашање на Хоџа, тој го обвини новинарот дека бил „зачинет“.

– Сметаме дека јавните функционери, а особено лидерите на политичките партии, треба да се воздржат од изјави кои што на кој било начин може да се сфатат како етикетирање на новинарите, бидејќи тоа не е во духот на европските и демократските вредности. Таквите изјави може да стимулираат напади и закани врз новинарите од страна на партиските припадници, а тоа со себе може да повлече многу негативни последици. Впрочем, на оваа изјава на Ахмети кон истиот новинар неодамна му претходеше повикување  на информативен разговор во полициска станица во Струга каде бил распрашуван за неговите извори на информации што претставува обид за заплашување, наведува ЗНМ во денешното соопштение.

Здружението го потсетува Ахмети дека новинарите се гласот на јавноста и нивна главна задача е да истражуваат и да поставуваат прашања кои се од јавен интерес, додека политичарите се тие кои треба да дадат одговори на тие прашања и да обезбедат безбедни услови за вршење на нивната работа.

Ова, оценува ЗНМ, не е прв случај на непримерно однесување на претставниците на оваа партија кон новинарите и затоа ќе бидат информирани сите релевантни домашни и меѓународни организации за овој, како и за претходните случаи.

– Ги повикуваме политичките партии сериозно да поработат на односот со новинарите бидејќи токму тие се главната причина за слабото рангирање на земјата на светските индекси за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите, стои во реакцијата на ЗНМ.   


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]