Зибери го повика МВР да биде поефикасно: Голем број исправи се ставени на страна и граѓаните не можат да ги подигнат

Зибери-го-повика-МВР-да-биде-поефикасно-Голем-број-исправи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До Народниот правобранител пристигнуваат преставки на граѓаните во однос на неможноста да ги подигнат личните документи. Во изминатите два месеца стигнале 50. претставки за лични документи по различна основа – неможноста да се подигне документот, да се закаже термин, или надомест на трошок бидејќи рокот на важноста на старите не е истечен.


Народниот правобранител, Насер Зибери, на брифинг со новинарите се осврна на групата граѓани кои веќе го поминале процесот на фотографирање, потоа и процесот на обработка и одобрување, но документите не им се издаваат, што е проблематично.

„Предводејќи се од претставките, народниот правобранител во 2 наврати ги посети главните пулкови во Скопје, пришто се потврдија наводите во претставките дека сериозен број на исправи – лични карти, дозволи, па и патни исправи, се ставени на страна и органот нема увид за нивното распределување, односно издавање“, рече Зибери.

До него стигнале и претставки од граѓани кои имаат итна и неодложна потреба за патување поради здравствени, научни, студиски, деловни причини. Во неколку наврати,  тимот на Народниот правобранител во соработка со службите во МВР успешно ги реализирал барањата, но Зибери вели дека станува збор за неприродна ситуација.

„МВР треба тоа да го прави, а не по наше барање дека ‘тој и тој има итна потреба од патување’, па да ја бараме личната исправа.

Зибери порача до МВР да направи добра реорганизација, и процесот на издавање на готови исправи да тече нормално и да нема задоцнување.

Тој говореше и за проблемот со граѓаните кои наполниле или ќе наполнат 18 години, а немаат лични карти, ниту патни исправи и во прашање е доведено нивното уставно загарантирано право на учество во изборниот процес.

Дел од тие лица имаат патна исправа, но со стар образец и согласно регулативата се невалидни за учество во изборниот процес.

„Владата веднаш да го разгледа проблемот, да утврди редослед на приоритет. Да ја детектира оваа група на граѓани и да им даде прироритет за личните карти да им бидат обезбедени“, повика Зибери.

Во одонс на личните карти со трајна важност, народниот правобранител рече дека иако правото е загарантирано во законот за личните карти, истото не се спроведува.

„Ако МВР го примени членот ќе се надмине притисокот во иднина за обновување на личните карти, граѓаните над 65 години ќе имаат трајна лична карта“, порача Зибери.

Апелираше до МВР да ја примени оваа одредба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK