Заврши 8-миот меѓународен конгрес во Скопје

DOR_7150
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Здружението на педијатрите на Република Македонија во хотелот „Александар Палас“  во Скопје заврши Осмиот конгрес на педијатрите на Македонија со интернационални учесници.

Со практичната работилница која беше прикажана пред младите доктори од страна на нивните колеги од реномираната Европска Педијатриска Академија, заврши еден од најголемите настани на педијатрите во Македонија, која се одржува еднаш во годината. Под раководство на проф.др Есра Шефкетоглу , подржано од Европската Педијатриска Академија EAP/UNEPSA, секој учесник доби диплома призната за работа во Единица за педијатриска интензивна нега во Европа .


Конгресот го посетија повеќе од 400 доктори, меѓу кои над 100 доктори од Европа кои до 4 јуни одржаа предавања пред своите колеги,а разменија и свои искуства и дадоа нови насоки во областа на педијатријата.  На настанот свое учество земаа доктори од Атина, Загреб, Анкара, Љублјана, Софија, Белград, Тирана, Букурешт, Сарајево ,Приштина  и други кои одржаа работни сесии.

Настанот го отвори Претседателката на Здружението на педијатрите на Македонија, Аспазија Софијанова, а пред присутните се обратија и Претседателот на Европската педијатриска академија, Адамос Панајотис, Заменик министерката за здравство, др. Маја Манолева, во име на министерот за здравство, прим. Др. Беса Поцеста, Советник за здравство на Премиерот, проф.др. Ана Данева Маркова ,   Претседателската на лекарската комора на Р. Македонија, проф.др. Калина Старделова, преставник на македонското лекарско друштво, др. Сеад Зејнел, Претседателот на српското педијатриско здружение, проф.др. Ѓорѓе Константинидис, Претседателот на косовското педијатриско здружение, проф др. Рамуш Бејчи.

Др. Оливер Зафировски кој е организациски директор на конгресот е задоволен од големиот интерес и укажаната чест на еминентни доктори кои беа дел од овој настан и пренесоа дел од своето работно искуство и знаење.  „Конгресот е една убава можност за размена на знаења и искуства од повеќе области на работењето помеѓу колегите не само од Балканот туку  и од Европа “ рече Зафировски.

На годинешниот конгрес опфатени беа повеќе области од педијатријата како: Кардиологија со ревматологија, нефрологија, неврологија со невролошки развојни нарушувања, имунологија, неонатологија со неонатална интензивна нега и грижа, сесија на експерти интер- дисциплинарен тим и осврт на ефектите од Ковид 19 пандемијата кај детската популација.

На конгресната програма се најдоа повеќе практични работилници кои подоцна ќе бидат пренесени во здравствениот систем во Македонија и најновите протоколи за лекување од областа на педијатријата  кои веќе се применуваат во светот.

„Детето припаѓа на педијатарот, а педијатрите се грижат за децата кои се иднината“  остави силна порака дека мисијата на докторите е секогаш здравјето и здравиот раст кај најмладите.

 

Со почит,

Односи со јавност

Здружение на педијатри на Р.Македонија

 

4.04.2023година

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK