Запрен на автопат за прекршок, па приведен поради агресивност кон полицајци


– Полицајци вчера на автопатот Тетово-Гостивар привеле жител на Скопје поради агресивност, откако претходно го запреле за да му укажат дека сторил сообраќаен прекршок. Настанот се случил околу 12 часот и 30 минути.


 

– Полицајци при СВР Тетово го привеле 37-годишниот скопјанец  Г.Н., кој во близина на клучката за тетовско Горно Седларце, управувајќи патничко моторно возило „крајслер“ со скопски регистарски ознаки направил сообраќаен прекршок, а откако бил запрен, агресивно се однесувал кон полициските службеници, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Приведениот бил задржан во полициска станица во Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот.