Заев: Со конкретни мерки се грижиме за лозарите


Лозарите испратија дописи до странските амбасади во земјава за извоз на грозјето - МИА

Скопје, 18 септември 2020 () – Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил напиша дека со конкретни мерки се грижат за лозарите, посочувајќи дека ќе одвојат дополнителни четири денари за килограм предадено грозје наменето за преработка од средства обезбедени од Програмата на Владата за справување со последиците од кризата со Ковид-19.

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа ги извести нашите лозари дека на владиниот Економски совет договоривме дополнителна мерка за интервентен откуп на грозје, кое ќе биде преработено во вински дестилат и гроздов сок, напиша Заев.

Додава дека остануваат да важат и претходно договорените два денара за вранецот и смедеревката, кои, како што посочува, ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и два денари субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку Програмата за справување со кризата од Ковид-19.

– Посветени сме на тоа да реагираме веднаш и да преземаме чекори и мерки во интерес на лозарите, за да градиме партнерски однос и да креираме политики коишто ќе го унапредуваат земјоделието и стандардот на земјоделците, пишува Заев на ФБ.


Двајца починати и 152 новозаразени со Ковид-19
Вести

1.288 новозаразени од Ковид-19, починаа 39 лица

– Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања за Ковид-19, при што се регистрирани 1288 нови случаи на заразени со коронавирусот. Во изминатото деноноќие починале 39 лица, а оздравеле […]

Вести

Граматика на македонскиот јазик за дијаспората

Во издание на Агенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија, обајвена е Граматика  на македонски јазик  со практични вежби за дополнителна настава на македонски јазик во странство. Граматиката  е  изработена од три професорки кои предаваат […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 39 пациенти, вкупно се лекуваат 486

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализирани се 39 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*