Заедно и сѐ е можно! – Нова кампања на Скопско


„Заедно и сè е можно“ е пораката на новата реклама на Скопско чија цел е да не испирира да се завртиме кон другите, да си подадеме рака и преку секојдневни мали гестови да направиме да биде убаво.


 

„ Пораката Заедно и сè е можно, има за цел да не потсети на значењето на насмевките и поддршката меѓу соседите, на убавината на маалската дружба, важноста на добрината и грижата што си ја покажуваме едни на други. Прославувањето на овие моменти е всушност сржта на Скопско како бренд.“, велат од Пивара Скопје.

Дополнителна тежина на приказната и дава ликот на главниот протагонист на спотот, легендата на македонското спортско новинарство Атанас Костовски, со кој многу генерации споделуваа заеднички спортски победи и порази. Во ваква историска фудбалска година тоа само ни потврдува дека среќата и успехот се уште посилни кога ги споделуваме со луѓето околу себе, а полесно се носиме со поразот кога сме заедно. Секој од нас може да направи да ни биде убаво, да биде подобро и да го постигнеме дури и она што е невозможно.

Погледнете го новиот видео спот на Скопско.