Забрана за групирање на повеќе од четири лица и во текот на денот




 

Владата на денешната седница донесе повеќе одлуки и заклучоци кои се однесуваат на мерките за спречување и заштита од ширењето на коронавирусот Ковид-19 и од својата Програма за работа и од интерес за граѓаните.

Владата донесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор и наместо по 21:00 часот забраната ќе трае во текот на целиот ден, цела седмица и со точно дефинирани исклучоци од оваа забрана.

Беше заклучено поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции.Беше одлучено и Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест КОВИД-19 за определен временски период да отстапи одреден број санитетски возила, соопшти Владата.