Во текот на вечерта се уапсени осум лица, извести министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Четири од нив се уапсени заради тоа што учествувале во тепачка, а другите четири лица се уапсени заради тоа што за нив имаме основано сомнение дека сториле кривично дело 319 од Кривичниот законик коешто се однесува на предизвикување национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, каде што е предвидено минимална казна од една година затвор. За нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, рече Тошковски.
Едно од нив е малолетник, другите се млади лица од 18 до 21 година додаде министерот Тошковски.