За два денари поскапуваат нафтените деривати

gorivo-benzin
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од полноќ цените на нафтените деривати се зголемуваат за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од РКЕ објаснуваат дека зголемувањето се должи на порастот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во однос на одлуката донесена во понеделникот.


Според новата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, на Еуросупер БС-98 за 86,5 денари, на дизелот 74,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 73,5 денари за литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 1,337 ден/кг која сега ќе изнесува 42,338 ден/кг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK