Втор ден предупредувачки протест во МИА

mia protest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во Медиумската информативна агенција денеска повторно излегоа на предупредувачки протест во 11 часот, за време на паузата, пред просториите на агенцијата.

И на вториот ден од предупредувачкиот протест, поддржан од ССНМ, тие ги повторија барањата упатени до Владата.


За најургентно го сметаат нивното барање за зголемување на платите за 30 отсто.

– Тоа е 2,5 пати помалку од 78-те проценти колку што изнесуваше последното зголемување на платата на функционерите. Додека за другите барања се потребни системски решенија, барањето за зголемување на платите е најлесно за решавање и треба само да се стави на дневен ред на седница на Владата, велат вработените од МИА.

Од ССНМ истакнуваат дека слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против дезинформации се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати, а според официјални податоци просечната нето-плата во мај 2023 година изнесуваше 36.465 денари додека платите на новинарите и медиумските работници во МИА се за повеќе од 6.000 денари помали од просекот.

Протестот на вработените во Медиумската информативна агенција ќе продолжи и во следните денови, се до исполнување на барањата.

– Доколку не ни се исполнат барањата, постои можност и за радикализација на изразување на револтот, велат од агенцијата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK