Втор ден од „Финалето  на предизвик за млади истражувачи“


Министерката за образование Рената Десковска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски се обратија на „Финалето на предизвикот на млади истражувачи“, кој обедини истражувачки проекти од областа на природните и техничките науки oд 31 основно и 18 средни училишта од територијата на цела Република Македонија.

На отворањето на вториот ден од „Финалето на предизвик за млади истражувачи“ министерката за образование Рената Десковска ги поздрави идните лидери на Македонија, затоа што иновативноста ја прави разликата меѓу следбеникот и лидерот.

„Со реформите во образованието кои ги правиме како министерство сакаме да им дадеме можност на младите луѓе да се инволвираат во општественото живеење, да ги поттикнеме креативно да размислуваат и да остават белег на денешницата.  Иако бевме скептици на почетокот на овој јавен повик, денес размислуваме за проширување на наградниот фонд, за да ги поддржиме младите во нивната иновативност која е многу видлива преку нивните проекти“.

Деспотовски потврди дека од идејата за поттикнување на креативно размислување кај младите, денес имаме успешен натпревар на кој се пријавија 98 училишта.

„ Развојот на целото општество е заснован на критичкиот, креативниот и иновативниот потенцијал на младите, кој нам како Фонд за иновации ни е поттик да продолжиме да делуваме во иднина. Затоа со задоволство го најавувам идниот јавен повик „Предизвик за млади истражувачи 2“ кој ќе го отвориме со почетокот на идната учебна година“.

Вчера и денес финалистите на овој јавен повик имаат јавна презентација на своите проекти во Кинотеката на Македонија.

Најдобрите основни средни училишта, добитници на награди на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ ќе бидат објавени на 9 јуни, на голем настан во Градскиот парк во Скопје.


Вести

Радикален исламист вооружен со нож уапсен во центарот на Лион

Француската полиција уапси радикален исламист во центарот на Лион. Според информациите објавени од француските медиуми, уапсеното лице (роден 1994 година) им било од претходно познато на разузнавачките служби. Тој бил облечен во џелаба и воена […]

Пендаровски со порака до учесниците во Охрид Ултра-Треил – Одржувањето на трката и покрај пандемијата говори за истрајност, солидарност и тимски дух - МИА
Вести

Нема потреба од нова вонредна состојба, став на Советот за безбедност

Нема потреба од воведување нова вонредна состојба, досегашните мерки и препораки за заштита од Ковид-19 се во насока на максимална заштита на здравјето на граѓаните, порачаа денеска претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*