Вработените во МИА продолжија со протестите

mia-protest
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во АД МИА денеска повторно излегоа на предупредувачки протест во траење од половина час пред просториите на Агенцијата откако зголемувањето на платите не се најде на дневен ред на владината седница одржана на 1 август 2023 година.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумска работници од почеток ги поддржува колегите во МИА, бидејќи оценува дека нивните барање се сосема реални и предупредува дека Агенцијата има исклучително важна улога во целокупното медиумско информирање во земјава.


Вработените во Медиумската информативна агенција на новиот протест ги повторија барањата за зголемување на платите и порамнување на трошоците за живот. Исто така вработените во МИА најавија дека по неповолниот развој на настаните одново ќе ги разгледаат другите форми на реакција односно преминување на протестот во нова фаза што би можело да претпоставува и прекин на определен период на дистрибуција на вести.

Новинарите и медиумските работници во МИА очекуваат дека за брзо време ќе се изнајде решение во полза на двете страни, а со тоа и не би имало дополнителни импликации на целиот медиумски простор во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK