Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест за повисоки плати

bdeacd19-resize-820x0x100.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат, барајќи усогласувањето на платите со растот на минималецот.


Како што информираа од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), покрај усогласувањето со минималната плата, ќе бараат и итно да се разреши целиот управен одбор на фондот и поставување на нови членови кои ќе дозволат усогласување на платите.

Фондот штрајкуваше и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите. Тогаш, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, објасни дека одлуката да се задржат декемвриските плати не важи до крајот на годината како што бараа, туку до крајот на мај. Рече дека со ребаланс на буџетот и во државата и во Фондот за здравство ќе се донесе нова вредност на бодот, која ќе инсистираат да биде исто како што е сега, 77,16 денари вредност за еден бод.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK