Волонтерството со придобивки и за индивидуалниот развој и за заедницата

volonterstvo-gradski-park
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Промоција на волонтерство и активно граѓанство е целта на настанот „Волонтирај“, што се одржа денеска во Градски парк  на „Школка“. Настанот беше исполнет со различни активности: игри, работилница за заштита на животната средина, инфо штанд за запознавање со волонтерството како и музичка програма.

Се одржува во рамки на проектот Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата, поддржан од Европската Унија, а го реализираат Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски центар Скопје и здружението „Женски форум“ – Тетово.


Андреј Наумовски, проектен менаџер во Волонтерски центар Скопје, истакна дека направиле промоција на четирите големи универзитети во државава,  „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, „Гоце Делчев“ во Штип, „Св. Климент Охридски“ во Битола како и на Државниот универзитет во Тетово.  Покрај денешниот во Скопје, реализирале три отворени денови и во Тетово, Струга и во Штип.

-Главна цел е промоција на волонтерството, кое сметам дека е еден од основните начини за да станеме активни граѓани, да придонесеме за подобро утре, за наша подобра заедница, изјави Наумовски.

Тој се надева дека со настанот ќе го поттикнат  волонтерството и во државава и пошироко.

-Имаме волонтери и од странство и се надевам дека тоа ќе биде добар пример зошто да волонтираме, рече Николовски и додаде дека со настанот имаат цел да докажат дека волонтерството е многу забавно и корисно и дава многу придобивки, како за индивидуалниот развој, така и за подобрување на заедницата.

Волонтерски центар Скопје веќе 17 години работи како невладина организација на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво со  промоција на волонтерството како една од главните мисии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK