водостојот на Вардар кај Јегуновце четири сантиметри под нултата точка


Загадувањето на Вардар не е од правните субјекти во кругот на Железара - МИА

Скопје, 17 септември 2020 () – Четири сантиметри под нултата точка е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, покажуваат денешните мерења направени од страна на Управата за хидрометеоролошки работи.



Водостојот на Вардар е понизок и кај Демир Капија во однос на вчерашниот ден, а на исто ниво како вчера е кај мерната станица во Скопје. За пет сантиметри е повисоко нивото на Вардар кај Велес.

Кај поголем дел од останатите реки водостојот е на исто ниво како и во текот на вчерашниот ден.

Според мерењата на УХРМ, утре не се очекуваат поголеми промени на водостојот на реките во однос на денешниот ден.

Водостојот на Охридско езеро е 9 сантиметри над дозволениот минимум.