ВОДНО ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ УНИШТУВА! СКОПЈАНИ БЕСНИ!!!


Скопје со години наназад се гуши во прашина, чад, смог…



Планината Водно се смета за “белите дробови” на Скопје. Се наоѓа многу блиску, лесно е пристапна, има и жичара, планинарски дом… Општо познато е дека во минатото имало дури и акции за посадување на нови дрва, не само за да го зацврснат Водно и да нема лизгање на земјиштето, туку Скопје да има и шума за да може да дише.

Водно го користат сите, од бебиња до стари луѓе. Секој ден има луѓе кои се искачуваат до врвот, а за викенд е преполна со народ. Некој спортува, а некој се рекреира.

Жителите на Скопје го користат Водно за да подишат малку чист воздух. Да излезат надвор од презагаденото Скопје, од прашините кои секојдневно не трујат.

Пред некое време на социјалните медиуми се појавија фотографии на кои се гледа дека на самиот срт на Водно, некој работи со тешка механизација и буквално уништува се што ќе му се најде на патот.

Жителите на Скопје реагираа по објавените фотографии и се очекуваше не само одговор за тоа што се работи на Водно, туку и целосно запирање на уништувањето на сртот.

За жал тоа не се случи. На Водно сеуште се работи. Доказ за тоа се следниве слики кои беа денес направени.

vodno (6)
vodno (5)
vodno (4)
vodno (3)
vodno (2)
vodno (1)

Скопјани се бесни на ова уништување! Прашуваат кој е тој што има право да уништува нешто што се создавало со децении?!?! Зарем нема друг начин и друг пат по кој може да се гради што и да се гради таму?!?! Зошто му се уништуваат на Скопје “белите дробови”?!?! А и каде се Паркобраните да го одбранат нашето Водно?!