Во Скопје рекорден број новозаразени, Аеродром надмина 700 активни случаи


Во Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани рекордни 422 нови случаи на Ковид-19, а во тој период починале тројца пациенти, соопшти Министерството за здравство. Во изминатиот ден 142 скопјани закрепнале, покажуваат последните официјални податоци.

Бројот на активни случаи во главниот град се доближува до 4.000 и денеска е на нов рекорд од 3.828 заразени во моментов.

За првпат од почетокот на епидемијата, во една скопска општина има повеќе од 700 заразени (710 во Аеродром), а меѓу скопските општини со најмногу активни случаи се и Карпош со 580 и Центар со 535.

Еве како се распределени активните случаи во Скопје и околните општини:

• Чаир – 180 • Гази Баба – 492 • Аеродром – 710 • Карпош – 580 • Центар – 535 • Кисела Вода – 467 • Ѓорче Петров – 324 • Бутел – 186 • Шуто Оризари – 35 • Студеничани – 14 • Сарај – 29 • Арачиново – 8 • Илинден – 66 • Сопиште – 35 • Чучер Сандево – 20 • Петровец –24 • Зелениково -10 • Странец – 22 • Нераспределен- 91

 


Штрајк на вработени во „Амазон“ во Германија - МИА
Вести

Тридневен штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Околу 2.500 работници на „Амазон“ во Германија почнаа тридневен штрајк денеска, временски закажан за да ја нарушат продажбата за време на „црниот петок“. Штрајкот, повикан од моќниот синдикат Верди, треба да трае до сабота и […]

Вести

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд. Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за  судија на Уставениот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*