Во Куманово утре инфо денови во рамки на кампањата за бесплатна правна помош


Пред градскиот пазар во Куманово утре ќе се организира настан со цел да се информираат граѓаните за можностите за бесплатна правна помош и за подобра искористеност и пристап до овие услуги.

 

 

Се работи за серија активности за подигање на свеста и за да се промовира користењето на бесплатната правна помош во земјава. Тие ќе се обидат да допрат до разни локални заедници за да им дадат детални информации за тоа каде и како можат да најдат бесплатна правна помош и кои институции/организации ја даваат. За време на настанот, учесниците ќе имаат можност да им постават прашања на експерти од областа и да добијат одговори, како и да добијат лесно разбирливи информативни материјали за конкретните теми за коишто може да се побара и добие бесплатна правна помош, вклучувајќи семејно насилство, имотни прашања, дискриминација и социјална заштита, итн.

Информативните активности се организирани во 12 општини во земјава, почнувајќи од 13 јули 2022 година, а ќе се спроведуваат до 20 август 2022 година.  Се очекува да ги зајакнат знаењата за бесплатната правна помош меѓу жителите на локалните заедници, но, исто така и меѓу правните професионалци, на тој начин подржувајќи поширок пристап и искористување на овие правни услуги, со особен фокус на ранливите групи, како што се жените и децата.

Кампањата за бесплатната правна помош (БПП), којашто во Северна Македонија се спроведува од 2021 година, има за цел да ги промовира овие услуги како еден достапен и функционален механизам којшто нуди ефикасна правна заштита на граѓаните и најважно од се осигурува еднаков пристап до правната помош за оние коишто инаку не би можеле да си ја дозволат.

Овој настан се организира во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и на Советот на Европа „Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош во Северна Македонија“, во соработка со Министерството за правда на Северна Македонија и останатите членови на Националното координативно тело за бесплатна правна помош: подрачните одделенија на Министерството за правда, граѓански организации и правни клиники овластени да даваат бесплатна правна помош (БПП). Проектот е дел од заедничката програма на СЕ-ЕУ „Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019-2022 г.“, иницијатива за соработка со која им се помага на земјите-кориснички во Западен Балкан и Турција да се усогласат со европските стандарди.