Во Куманово промовиран документарен филм за поддшка на домувањето кај ромската заедница


Во Занаетчискиот дом во Куманово денеска беше промовиран документарен филм во рамки на проектот „ Поддршка за легализација на Ромското домување – Мапирање на разликите“  кој го спроведува Ромскиот Деловен Информативен Центар и организација на жени Штип и обработува повеќе теми меѓу нив предизивиците, проблемите, со кои се соочува ромската етничка заедница во процесот на легализација на домовите.

Ромската заедница во Куманово, посочија надлежните, се соочува со идентични проблеми како и во сите други општини, вкупно седум од државата каде било извршено истражувањето кое меѓудругото ја покажува заинтересираноста на институциите и информираноста на заедницата за овој процес.

– За „Средорек“ кој е планиран во сегашниот урбанистички план како зелена зона, треба да се направи измена за да можат дел од населението да ги легализираат домовите.Мислам и дека е формирано и такво тело кое ќе може да ја направи таа измена на деталниот урбанистички план за да може дел од тоа население да си ги легализираат и своите објекти, изјави Муарем Рамуш од  Ромски деловен информативен центар.

Проектот е имплементиран и финансиран од Европската унија, а опфатени се седум општини, Куманово, Штип, Кочани, Велес, Прилеп, Кичево и Чаир.

Населбите „Средорек “ и „Бавчи“ каде претежно живеат припадници на ромската етничка заедница, во моментов согласно ДУП и законите треба да бидат зелени зони. Од општината велат дека сакаат да помогнат во сите сфери на општественото живеење на ромската заедница, вклучително и домувањето.

-Со областа на домување не можеме да кажеме дека е мал проблем, затоа што повеќето од ромските наслеби Средорек, Бавчи не се во урбанистички план на градот, тоа се Зелени појаси каде што треба да се направи таа измена на програмата што ќе треба да се работи со министерство за локална самоуправа да видиме како полека да се реши. Тука е и НРЦ кој работи изминативе години околу легализација знам дека има резултати но проблемите се големи. Се враќаме на тоа дека самата законска регулатива ќе треба да претрпи некои промени, ако сакаме детално да се направат легализации и на Средорек и на Бавчи. Со оваа законска регулатива верувајте дека не ни дава можност за целосна легализација на тие населби-изјави раководителот на ЛЕР од општина Куманово, Ашмет Јашаровски.

На промоцијата присуствуваа претставници на општината, јавните претпријатија, раководители на сектори, претставници од  катастар, ромски невладини организации и здруженија на граѓани.


Вести

Зголемен смртниот биланс од вчерашниот земјотрес во Турција, полладнево уште еден потрес

Бројот на загинати од вчерашниот земјотрес во источна Турција достигна 29 лица јави турскиот телевизиски канал ТРТ. Бројот на повредени исто така се зголемува, па според на турската Служба за вонредни состојби и природни непогоди […]

Вести

Земјотресот во Турција во живо во неколку ТВ студија (видео)

Моментите од силниот земјотрес што вчера ја погоди Турција и во кој загинаа најмалку 22 лица, беа забележени во живо на некои турски телевизиски програми. На социјалните мрежи се појавија снимки од ТВ студијата, кои […]

Вести

Пораките на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски пренесени и поддржани директно од Еврокомесарот за проширување на ЕУ

Денешното интервју на потпретсредателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот Република на aнглиски јазик за состојбите на македонската политичка сцена, побуди лавина реакции меѓу кои беше и реакцијата на Еврокомесарот за проширување Оливер Вархејли. Имено, […]