Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час


Во Кичево едно лице не го почитувало полицискиот час - МИА

Кичево, 2 мај 2020 () – Во Кичево во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење, едно лице не ја почитувало забраната за движење. Тоа е приведено и против него ќе биде поднесена кривична пријава за „непочитување според здравствените прописи за време на епидемија“.


 

Според информациите од СВР Охрид, во истиот период не се евидентирани кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето што го покрива СВР Охрид, вкупниот број на лица во самоизолација е 69, од кои пет се од Кичево.

Полициските службеници извршиле и 99 контроли на угостителски и други објекти. рф/