Во болниците низ земјата има 1.275 ковид-пациенти и 230 празни болнички кревети



 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.275 и има околу 230 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министертството за здравство.

Од таму додаваат дека во последните 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 780 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 49 болни, а во Куманово 93 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 91, во ковид-центарот во Гостивар 58, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 77 пациенти, во Кочани 13 во Кичево 11, Кавадарци 54, во Гевгелија 16 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се посчува дека бројките се менуваат од час во час.