Во болницата во Велес последнава недела се лекуваат и потешки случаи со Ковид


На Инфективното одделение во Велешката болница последнава недела се лекуваат и потешки случаи на заболени од Ковид-19, потврди за МИА доктор Весна Николовска-Неделкова, портпаролка на болницата.



– Поради пренатрупаност на државните клиники во Скопје, последнава недела пациентите од Инфективно не се носат на скопските клиники, туку остануваат во оваа болница. Многу од нив имаат потреба за респираторна машина, вели Неделковска-Николова, додавајќи дека секојдневно се во контакт со колегите од Инфективната клиника и ГОБ „8 Септември“. 

На Инфективното одделение во Велес секојдневно се зголемува бројот на пациенти позитивни на Ковид 19. Денеска има 37 потврдени случаи и пет сомнителни кои чекаат резултат. Капацитетот на Инфективното одделение е 35 легла, но минатата недела беше зголемен на 54 кревети. На кислородна поддршка се 15 пациенти.

Инаку, продолжува црниот биланс на починати на Инфективното одделение во велешката Општа болница со уште двајца починати во изминатото деноноќие. Вчера попладне околу 17 часот  починала 61-годишна жена која една недела се лекувала во оваа одделение и маж на 63 години кој бил донесен синоќа околу 18 часот, а кој починал околу полноќ. Пациентот бил во тешка состојба, а боледувал и од дијабет и висок крвен притисок.


Вести

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка

– Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат […]

Вести

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат

– Мерките за заштита од вирусот даваат резултати и доколку се почитуваат, дополнителни не се потребни, рече министерот за здравство Венко Филипче. Тој вчера соопшти дека врвот на епидемијата е достигнат пред една недела и […]

Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*