ВМРО-ДПМНЕ: Наместо армијата да обезбедува болници, поважно е болниците да имаат кревети


Кризната состојба се злоупотребува од Заев за популизам. Наместо армијата да обезбедува болници, поважно е болниците да имаат болнички кревети, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Освен гол популизам нема конкретни мерки од кризната состојба. Заев нејзе ја злоупотребува за гол популизам, наместо за конкретни мерки. Од првиот ден кризна состојба единствено што дознавме дека координаторот Стојанче Ангелов бара совети по ФБ, а армијата ќе се користи за обезбедување на болници.

Наместо обезбедување на болници поважно е болниците да имаат болнички кревети кои во моментот ги немаат. Пациенти во болниците спијат на под на минусни температури, за да се дојде до слободен кревет се фаќаат врски што само го опишува хаосот кој постои во здравството. Од друга страна државното здравство крахира, а џеповите на приватните болници се полнат додека на народот се празнат. Затоа наместо замајување на јавноста, кризната состојба да престане да се злоупотребува и нека се донесат суштински мерки. Филипче целата работа ја сваќа несериозно и затоа мора да си поднесе оставка“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.


Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 43 пациенти, вкупно се лекуваат 478

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Бизнис и економија

Сопствениците на возила со странски таблички ќе потпишуваат изјава дека возилото е влезено пред 1 октомври

– Сопствениците на возила со странски таблички ќе треба да дадат изјава дека возилото е влезено во земјава пред 1 октомври за последен пат за да платат помали давачки за регистрација. Министерот за економија Крешник […]

Вести

Ѓоргиев: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

– Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка. Историските контроверзи, недоразбирањата и историографските спорови треба да ги решаваат историчарите, а не политичарите. Комисијата треба да биде оставена да работи без […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*