Владата одлучи да се пристапи кон програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“


Владата одлучи да се пристапи кон програмата на ЕУ за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ - МИА

Скопје, 21 јули 2020 () – Владата на денешната 77-ма седница ја разгледа и усвои Информацијата за пристапување на Република Северна Македонија кон европската рамковна програма за истражување и иновации „Хоризонт Европа“ (2021-2027).



Како што соопшти владината прес-служба, Министерството за образование и наука е задолжено до крајот на август 2020 да изготви и достави писмо за изразување интерес за пристапување на земјава кон Рамковната програма на Европската Унија за истражување и иновации „Хоризонт Европа“.